сабота, 28. март 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Тешка несреќа во Унгарија, загинаа седум лица

Тешка несреќа во Унгарија, загинаа седум лица

Вкупно седум лица денеска загинаа во два автомобили во сообраќајна несреќа што се случила на прометен автопат во Унгарија.

Локалната полиција соопшти дека несреќата се случила кога камион излетал од спротивна лента и удрил во автомобилите. Се уште не е јасно зошто камионџијата изгубил контрола врз возилото.

Двата автомобили во кои удрил камионот целосно изгореле, а жртвите во нив се уште не се идентификувани.

Несреќата се случила на автопатот М5, 145 километри јужно од Будимпешта. Автопатот е главната сообраќајна рута меѓу Унгарија, Србија и Украина.