петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Вести

Тешка авионска несреќа: Авион се излизга од писта и удри во хеликоптер- има мртви (ВИДЕО)

Тешка авионска несреќа: Авион се излизга од писта и удри во хеликоптер- има мртви (ВИДЕО)

Најмалку три лица денеска загинале а четворица се повредени откако мал авион при полетувањето од еден непалски аеродром во областа Монт Еверест удрил во паркиран хеликоптер.

Авионот на компанијата „Summit Air“ се обидел утринава да полета од Лукла за Катаманда, рекол претставникот Раж Кумар Четри и навел дека авионот се излизгал на пистата и удрил во хеликоптерот на „Manang air.

Двете компании се приватни, услужуваат туристи и Непалци до оддалечените области на таа земја.

Повредените со хеликоптер се префрлени во Катаманда, рекол портпаролот на полицијата Раж Субеди и додал дека полициски тимови стигнале до местото на несреќата и дека ги координираат напорите да се спречи избивање на пожар на аеродромот.

Меѓу загинатите се пилотот на авионот и двајца полицајци кои биле во близина на паркираниот хеликоптер.