петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Тепачка во авион: Двајца патници одбивале да носат заштитни маски (ВИДЕО)

Тепачка во авион: Двајца патници одбивале да носат заштитни маски (ВИДЕО)

За време на летот на холандската авиокомпанија КЛМ од Амстердам до Ибица избила тепачка откако двајца патници одбиле да стават заштитни маски.

Според Индипендент, на објавената видео снимка се гледа дека во тепачката учествувале двајца британски туристи кои почнале да се караат откако боингот 737 полетал од Амстердам.

Компанијата КЛМ соопштила дека двајцата биле совладани со помош на останатите патници и дека, по слетувањето на аеродромот на Ибица, шпанската полиција ги уапсила.

 

View this post on Instagram

 

Knokken bij @klm ! Exclusieve video @michighclub ? Dronken Britse passagier – hij dronk flessen Grey Goose wodka – zorgt voor onveilige situatie op vlucht naar Ibiza. Hij en een vriend daagden andere passagiers uit tijdens de vlucht en weigerden mondkapjes te dragen ?✈️? 2 arrestaties. Panic and violent brawl! Unruly British passenger on board KLM flight to Ibiza, he had been drinking Grey Goose @greygoose vodka. They refused to wear facemasks and their behavior towards other passengers was hostile. 2 arrests were made. #klm #Royaldutchairlines #airlines #airline #passenger #coronavirus #COVID19 #COVID #incident #aviation #fight #fighting #unrulypassenger #facemask #avgeek #aviation #aviationdaily

A post shared by The Mic High Club (@michighclub) on

-Двајца несовесни патници одбија да носат заштитни маски и физички и вербално ги вознемируваа останатите патници, изјавил портпаролот на компанијата.

Тој додал дека пилотот за инцидентот ги информирал локалните шпански власти и дека двајцата патници по слетувањето на авионот биле уапсени.

Истакнал дека безбедноста на летот не била загрозена.

-Престанете, тука има деца, ги предупредувале останатите патници.

На социјалните мрежи, на кои е објавена снимката, пишува дека еден од патниците кои учествувале во тепачката е Англичанец кој пред инцидентот пиел вотка.

-Паника и насилна тепачка! Непослушниот англиски патник на летот на КЛМ за Ибица пиеше вотка, напишал корисник на Инстаграм.

Индипендент пишува дека на снимката се гледа дека уште неколку луѓе не носат заштитни маски.

Носењето маски е задолжително на сите летови на компанијата КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија, во согласност со рестриктивните мерки чија цел е сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Коронавирус