сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Вести

„Телеграф“: Лондон криел терористички заговор поврзан со Иран

„Телеграф“: Лондон криел терористички заговор поврзан со Иран

Екстремисти поврзани со либанското движење Хезболах, кое има иранска поддршка, складирале тони експлозиви во Лондон пред полицијата да им ги открие плановите во 2015 година. Тоа го објави британски „Телеграф“, кој додава дека случајот бил со назнака тајна.

Имено, полицијата по информации од странска валда, открила вкупно три тони амониум нитрат. Еден човек бил уапсен по рација во северозападен Лондон, но бил ослободен без да биде подигнато обвинеие против него.

Според весникот, тоа била операција на разузнавањето што немала цел апсења. Терористичкит план бил откриен од МИ-6 и полицијата на Лондон во есента 2015 година, неколку месеци по потпишувањето на нуклеарниот договор со Иран, наведува весникот.