недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 15
home Вести

Техеран демантира дека била евакуирана Иранската амбасада во Турција

Техеран демантира дека била евакуирана Иранската амбасада во Турција

Иранското Министерство за надворешни работи попладнево ги демантираше инфорамциите за евакуација на Амбасадата на Иран во Турција.

– Таквите тврдења и информации се невистинити. Вработените во нашата Амбасада се наоѓаат на своите работни места и си ги извршуваат секојдневните обврски, изјави портпаролот на Министерството, Бахрам Гасеми.

Претходно денеска, турскиот весник „Дејли сабах“ објави дека вработените во Амбасадата на Иран во Анкара биле евакуирани, откако турските безбедносни сили добиле дојава оти е можно во објектот се наоѓа бомбаш-самоубиец.

Според весникот, по дојавата, турската полиција го евакуирала иранскиот амбасадор на безбедно место и ја блокирала улицата во која се наоѓа Амбасадата.

Иранските медиуми јавија дека турските власти ги зајакнале безбедносните мерки околу Амбасадата, по добиените „непотврдени информации за закана од терорисички напад“.

Според истите извори, во улицата во која се наоѓа Амбасадата е видливо зголемо присуство на возила и припадници на турската полиција, кои вршат проверка на минувачите и автомобилите.

Коронавирус