сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Тажна вест: Девојчето по кое трагаше светот е пронајдено мртво

Тажна вест: Девојчето по кое трагаше светот е пронајдено мртво

Кинеските власти објавија дека синоќа во источното кинеско море пронашле безживотно тело на 9-годишно девојче по кое трагала цела земја, пренеусва Си-Ен-Ен.

Локалната полиција во подрачјето Зеијанг потврдила дека исчезнатото девојче Жанг Зихим се удавило во водите покрај округот Хиангшан.

Се додава дека на нејзиното тело немало видливи знаци на насилство, но се смета дека нејзината смрт не е последица на несреќа.

Деветгодишното девојче со наочари и коса врзана во реп, последен пат била видена во вечерните часови на 7 јули.

Безбедносните камери тој ден ја забележале неа и две возрасни лица, кои изјнајмиле соба во нејзиниот дом, како во 19:20 часот поминуваат по улица оддалечена околу 150 километри од нејзината куќа.

Три часа подоцна, друга безбедносна камера ги снимила двете споменати полнолетни лица, но девојчето веќе не било со нив.

Мажот и жената, двајцата од јужната провинција Гуандонг, подоцна извршиле самоубиство.

Извор: Слободен печат