среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Вести

Татко од пеколот: Ја остави тригодишната ќерка среде прометна улица и избега, само Божјо чудо е што е жива (ВИДЕО)

Татко од пеколот: Ја остави тригодишната ќерка среде прометна улица и избега, само Божјо чудо е што е жива (ВИДЕО)

Кинеската полиција е во потрага по маж, за кој се верува дека е татко на тригодишното девојче кое било оставено само покрај прометна сообраќајница во Нанкинг.

Напуштеното мало девојче е снимено како лута по улиците и преминува коловози. Според кинеските медиуми, малечката неколкупати за малку ќе загинела, но полицијата реагирала навреме, откако случајни минувачи го пријавиле настанот.

По прегледувањето на безбедносните снимки, констатирано е дека девојчето го оставил повозрасен маж, најверојатно нејзин татко. Тие дошле од правецот на железничката станица, а потоа тој заминал.

Според сведоците, тој се движел брзо, речиси со трчање, за таа да не може да го пристигне. Нејзиниот живот бил директно изложен на повеќе опасности.

Локалната полиција и понатаму трага по осомничениот.

Коронавирус