петок, 25. септември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Татко на седум деца се удави обидувајќи се да ги спаси нив (ФОТО)

Татко на седум деца се удави обидувајќи се да ги спаси нив (ФОТО)

Британецот Џонатан Стивенс, татко на седум деца починал откако се обидел да ги спаси децата да не се удават во норето во големите бранови.

Стивенс загинал вчера попладне во Бармут, северозападен Велс, додека ги спасувал своите две деца. Полицијата и крајбрежната стража биле повикани на местото на настанот нешто пред 2 часот попладне, пишува Скај њуз.

Спасувачите го извлекле Стивенс од морето и го транспортирале во болницата „Исбити Гвинед“, каде подоцна починал.

„Невозможно е да се опише како се чувствуваме. Не само нашите деца и јас, туку и неговите други деца“, рече неговата партнерка Лора.

“Јас му должам на овој човек сè, бидејќи ги спаси нашите бебиња. Тој го даде својот живот да ги однесе на безбедно нашите деца. Ние сме многу тажни”, додаде таа.

Коронавирус