четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 140
home Вести

Татко ја зема ќерката во раце и скокна од височина од 60 метри (ВИДЕО)

Татко ја зема ќерката во раце и скокна од височина од 60 метри (ВИДЕО)

Видео снимката од таткото, кој држејќи ја во рацете својата двегодишна ќерка, скокнал банџи џамп од 60 метри височина, направена во западна Малезија, брзо се прошири на социјалните мрежи и запрепасти многумина кои го погледнаа видеото.

И покрај тоа што таткото Мохда Реџа Розла на главата носи заштитна кацига, малото девојче кое е врзано за него, на главата нема никаква заштита.

Иако публиката која го пратела скокот на местото од кое изведен, реагирала целосно воодушевено, таткото и ќерката не наишле на толку позитивни реакции кога снимката почнала да се шири по интернет, пишува „Дејли Меил“.

„Разбирам дека многумина се загрижени, бидејќи вакво нешто прв пат се случува во Малезија. Сепак, нема причина за грижа. Мојата ќерка беше цврсто врзана и целосно заштитена. Таа и самата сакаше и никој не ја наговараше да скокне“ – изјавил таткото соочен со острите критики.

Инаку Мохда Реџа Ролза е позната малезиска ТВ ѕвезда. Тој тврди дека девојчето уживало во скокот.

„Многу и се допадна, па дури побара тоа пак да го направиме. Меѓутоа мене ми беше страв“ – додал тој.<

Коронавирус