понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Татјана Бобнар, прва жена на функцијата шеф на словенечката полицијата

Татјана Бобнар, прва жена на функцијата шеф на словенечката полицијата

Словенија ја доби првата жена на функцијата шеф на националната полиција, откако на таа  функција беше именувана Татјана Бобнар.

Претходно, во ноември на местото началник на Генералштабот на словенечката Армија беше поставена првата жена генерал-мајор во Словенија, Аленка Ерменц.

Со тоа Словенија се вбројува во неколкуте земји во кои на чело на војската или полицијата се наоѓа жена.

– Татјана Бобнар утре ќе го почне својот петгодишен мандат како генерален директор на полицијата, соопшти словенечката Влада.

Бобнар (49) во полицијата работи од 1993 година, а пред оваа функција беше заменик генерален директор на полицијата.

МИА

Коронавирус