недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Талин: Русија неделава двапати го наруши воздушниот простор на Естонија

Талин: Русија неделава двапати го наруши воздушниот простор на Естонија

Естонија, која е членка на НАТО, тврди дека руски воен авион и го нарушил воздушниот простор во близина на балтичкиот остров Вајндло, што според неа е втор инцидент неделава и  трет за еден месец.

Вооружените сили на Естонија соопштија дека авион ИЛ-76 се задржал помалку од една минута во естонскиот воздушен простор.

Естонија тврди дека радиопредавателот на авионот бил вклучен, но екипажот не претставил план за летот и не воспоставил радио контакт со естонската служба за контрола на воздушниот сообраќај.

Естонскиот министер за надворешни работи Свен Миксер го повикал рускиот амбасадор и му врачил протестна нота.

Вооружените сили на Естонија тврдат дека слично нарушување на воздушниот простор имало и во вторникот. Според естонските медиуми, патничкиот авион на Ил-96, вклучен во овој инцидент најверојатно припаѓа на руската претседателска администрација. 

МИА

Коронавирус