четврток, 4. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Талибанците убиле најмалку десет авганистански војници во напад во провинцијата Кундуз

Талибанците убиле најмалку десет авганистански војници во напад во провинцијата Кундуз

Најмалку десет припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени кога талибанците нападнале контролен пункт во северната провинција Кундуз, соопштија денеска авганистанските власти.

Други 11 припадници на безбедносните сили се ранети во ноќниот напад во областа Имам Сахеб, за ДПА изјавија тројца провинциски советници.

Најмалку седум војници се ранети во југоисточната провинција Газни, откако владините сили погодиле талибански бомбаш-самоубиец кој управувал оклопно возило наполнето со експлозив, соопштија локалните власти.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Вахидула Jумазада, изјави дека бунтовниците од неколку правци ги нападнале безбедносните бази што го опкружуваат главниот град на провинцијата, но нападите биле одбиени со помош на воздухопловните сили.

-Еден цивил загинал за време на бомбардирање на неговото возило, додаде Јамузада.

И покрај актуелните мировни разговори меѓу авганистанската влада и талибанците во Доха од средината на септември, продолжува насилството во Авганистан. Талибанците досега одбиваа да прифатат примирје. Целта на преговорите е да се стави крај на војната што трае со децении, но засега нема никаков напредок во преговорите.

Коронавирус