сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Талибанците подготвени за прекин на огнот поради коронавирусот

Талибанците подготвени за прекин на огнот поради коронавирусот

Талибанците денеска објавија дека се подготвени да прогласат прекин на огнот во сите делови на Авганистан што ги контролираат доколку се шири коронавирусот.

Талибанците ја објавија својата одлука по вчерашниот апел на Советот за безбедност на ОН, во кој ги повикуваат сите спротивставени авганистански фракции веднаш да го почитуваат барањето на генералниот секретар на Светската организација и со прекин на огнот да одговорат на пандемијата и да дозволат испорака на хуманитарна помош во загрозените области.

Тие ветија дека ќе им гарантираат безбедност на здравствените и хуманитарните работници кои доаѓаат да помогнат во области под талибанска контрола.

Во Авганистан има 196 потврдени случаи на Ковид-19, и 24 смртни случаи.

Стравувајќи од ширењето на заразата Владата затвори неколку градови на почетокот од неделата.

Особено се стравува за околу 200.000 Авганистанци кои неодамна се вратија од Иран, каде беснее епидемија на вирусот.

Коронавирус