вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 40
home Вести

Талибанците објавија дека убиле американски војник во Авганистан

Талибанците објавија дека убиле американски војник во Авганистан

Талибанците објавија дека нивните војници во Авганистан убиле припадник на американската војска и приложиле докази за идентитетот на убиениот војник.

Американското Министерство за одбрана соопшти дека Мајкл Гобл, американски наредник на САД од Њу Џерси, починал во понеделникот од повредени здобиени додека неговите единици учествувале во борбени операции еден ден порано во провинцијата Кундуз.

Инцидентот се истражува, соопшти Пентагон.

Во пораката во која имало фотографии, портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид изјави дека тие убиле припадник на американските сили во експлозија во северната провинција Кундуз.

Речиси 20.000 странски трупи, претежно американски војници, се стационирани во Авганистан, како дел од мисијата на НАТО предводена од САД за обука, помош и советување на авганистанските сили, а дел од американските сили спроведуваат антитерористички операции против вооружени групи.

Во Авганистан, десетици припадници на странски сили беа убиени во 2019 година.