четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Талибанците го повикаа Бајден да ги повлече американските сили од Авганистан

Талибанците го повикаа Бајден да ги повлече американските сили од Авганистан

Талибанците во Авганистан денеска го повикаа новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да се придржува до договорот со нив и да ги повлече американските трупи од Авганистан.

Според претходниот договор САД почнаа со повлекување на своите трупи и се треба да биде завршено до мај, додека во меѓувреме талибанците ќе треба одржат мировни преговори со официјален Авганистан во Доха.

– Сакаме да им кажеме на новоизбраниот претседател на САД и на неговата администрација дека најразумен и најдобар начин да се стави крај на конфликтите е исполнување на договорот што го постигнавме, соопшти милитантната група, за првпат коментирајќи ги изборите во САД. (MИА)

Локални избори 2021