понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 165
home Вести

Таксисти нападнаа дилери поради одмазда, се вмеша и полицијата

Таксисти нападнаа дилери поради одмазда, се вмеша и полицијата

Јужноафриканската полиција испука гумени куршуми кон демонстрантите во Преторија, откако протестот прерасна во нереди кога беа запалени неколку продавници.

До нередите дојде откако локални таксисти се судрија со локални дилери. Таксистите, наводно, одлучиле да ги нападнат продавачите на „њаопа“, улична дрога во Јужноафриканската Република.

Локални медиуми јавуваат дека еден таксист бил убиен во судирот, по што стотици таксисти со своите возила ги блокираа улиците и го запреа градскиот превоз. Полицијата апелираше на возачите да го избегнуваат тоа подрачје.  (МИА)