петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 81
home Вести

Тајван одобри четиригодишен развоен план за зајакнување на економијата

Тајван одобри четиригодишен развоен план за зајакнување на економијата

Тајванската Влада денеска го одобри четиригодишниот развоен план за зајакнување на нејзината улога во глобалните синџири за снабдување и за промоција на економскиот раст, јави ДПА.

Националниот план за развој за периодот 2021-2024 година има за цел просечен годишен економски раст од 3,4 отсто, намалување на невработеноста на 3,5 отсто и кревање на приходот по глава на жител на 30.000 долари до 2024 година.

Премиерот Су Ценг-Чанг изјави дека документот е „клучен стратешки водич“ за реализирање на предизборните ветувања на администрацијата на Демократската напредна партија (ДДП) на претседателката Цаи Инг-ван.

Според Су, политиките прифатени за време на првиот мандат на Цаи, вклучувајќи ги и промовирањето на индустриите темелени на иновации и програмата за енергетска транзиција, веќе ја намалија економската зависност од Кина и помогнаа економијата да излезе од стагнација.

Планот сега ќе ги потенцира стратешките индустрии што „на Тајван ќе му дозволат да игра пресудна улога во глобалните индустриски синџири за снабдување“ и да обезбеди снабдување со критични ресурси, рече Су, пренсен од ДПА.

Планот предвидува шест основни сектори за градење на економското влијание на Тајван, вклучувајќи ги информациите и дигиталните индустрии, безбедноста на информациите, здравството и медицината, одбраната, зелената енергија и обновливите извори на енергија и потрошувачките и стратешките материјали. (MИА)

Коронавирус