сабота, 28. март 2020. Вести денес: 102
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Тајландски војник пукал низ градот Кората, убил најмалку 12 лица

Тајландски војник пукал низ градот Кората, убил најмалку 12 лица

Тајландски војник убил повеќе лица во масовна пукотница низ градот Кората, на североистокот од земјата, јавија светските агенции, повикувајќи се на полициски извори.

Тајландските портали јавуваат дека во и околу градот Кората, североисточно од Бангкок, се убиени најмалку 12 лица.

Засега не е познато каде во моментов војникот се наоѓа.

„Бангкок пост“ јавува дека војникот прво пукал по своите надредени, колегите војници и потоа врз цивили.

Прво го убил својот надреден офицер и двајца свои колеги во рамките на воениот кампус, па потоа украл возило и се упатил во блискиот шопинг центар. Во него пукал врз цивили.

Наводно целиот напад тој го пренесувал на Фејсбук лајф, а и си снимал селфи како ја држи пушката. (МИА)