понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Тајланд: Досега извлечени 6 деца од пештерата

Тајланд: Досега извлечени 6 деца од пештерата

Шест момчиња досега се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заробени повеќе од две недели, изјавил член на спасувачката операција од медицинскиот тим за Ројтерс.

Надлежните ја претпладнево ја започнаа опасната операција за спасување на 12-те момчиња и нивниот тренер.

Тринаесет нуркачи и петмина членови на елитната тајландска единица „Фоки“ се вклучени во спасувачката мисија, да се извлечат момчињата кои се изнемоштени и слаби пливачи, на сигурно.

Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близана на пештерата каде се подложени на детални медицински прегледи.

Операцијата за спасување на децата според најавите на локалниот кризен центар, ќе трае два до три дена.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

Коронавирус