сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 83
home Вести

Тајфунот Мангхут го погоди југоисточното крајбрежје на Кина

Тајфунот Мангхут го погоди југоисточното крајбрежје на Кина

Моќниот тајфун Мангхут, кој претходниве два дена беснееши низ Филипините, каде однесе 29 животи, денеска ги погоди реоните на југосточноот крајбрежје на Кина, вклучлително и автономните региони Хонг Конг и Макао.

Пред доаѓањето на тајфунот, кинеските власти спроведоа евакуација на десетици илјади лица од седум градови од региони, откажани се голем број летови, а редуциран е и јавниот транспорт. Поради Мангхут затворени се и казината во Макао.

Кинеските медиуми јавија дека нивото на морето во погодените подрачја пораснало дури до 3,5 метри, а големите бранови ги поплавиле крајбрежните реони и исфрлиле големо количество риба на брегот.

Полавни се и неколку станбени реони и еден трговски центар во источниот дел на Хонг Конг, каде најмалку 111 лица побарале медицинска помош поради полесни повреди.

Во време на пристигнувањето на кинеското крајбрежје, ветерот во жариштето на Мунгхут дувал со брзина од 200 километри на час.

Жителка на Хонг Конг изјави дека под притисок на силниот ветер, висококатницата во која живее „се нишала многу долго, речиси два часа“. – Поради тоа ми се вртеше во главата, нагласи таа.

Нејзин сограѓанин, пак изјави дека овој тајфун е „нешто најлошо што видел досега“. – Никогаш не сум видел вака поплавени улици и толку тресење на прозорците, додаде тој.

Метеоролозите предвидуваат дека Мангхут ќе продолжи да се движи кон запад и ќе ја погоди јужната кинеска покраина Гвангдонг.

Коронавирус