сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 93
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Тајфунот Фанфон ги погоди Филипини на Божиќ

Тајфунот Фанфон ги погоди Филипини на Божиќ

Силниот тајфун Фанфон, со јачина од втора категорија, денеска ги погоди Филипини, а заради ударите на ветрот и обилните врнежи голем дел граѓани се евакуирани, урнати се стотина куќи, на повеќе места нема струја, а бројни туристи останаа блокирани во пристаништата.

Британските медиуми пренесуваат дека тајфунот Фанфон удри врз тлото на провинцијата Самар со бризина на ветрот од 150 километри на час.

Во централните делови на земјата евакуирани се повеќе од 4.000 лица, изјавија пртетставници на локалните власти, напоменувајќи дека засега не се регистрирани жртви.

Во филипинските пристаништа се блокирани 157 бродови со повеќе од 20.000 патници, а откажани се и најмалку 60 летови во домашниот авиосообраќај.

Локалните медиуми јавуваат дека на траекторијата на тајфунот биле уништени стотина куќи.

Коронавирус