среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 29
home Вести

Тајфун во Јапонија: 23 лица загинаа, владата ја распоредува војската

Тајфун во Јапонија: 23 лица загинаа, владата ја распоредува војската

Јапонија распореди десетици илјадници војници и спасувачи, откако беше погодена од една од најсилните бури во последните години, во која досега загинаа 23 лица.

Тајфунот Хагибис предизвика бројни лизгања на земјиште јужно од Токио, а потоа се префрли на север и доведе до поплави. Јавниот сервис НХК објави дека 13 лица се пријавени како исчезнати.

Во Нагано, водата ги поплави и јапонските возови, па луѓето беа извлекувани со хеликоптери.

Ангажирани се 27.000 припадници на војската и спасувачките служби, соопштија јапонските власти.

Владата ќе стори сé што е во нејзина моќ, рече премиерот Шинѕо Абе, ветувајќи дека ќе ангажира повеќе луѓе ако има потреба.