петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Тајфун најверојатно ќе ги одложи прославите по повод крунисувањето на јапонскиот цар Нарухит

Тајфун најверојатно ќе ги одложи прославите по повод крунисувањето на јапонскиот цар Нарухит

Јапонската Влада разгледува можност да ја одложи парадата по повод крунисувањето на царот Нарухит, закажана за следната недела, поради тајфунот Хагибис во кој досега загинаа најмалку 77 луѓе.

Владата во Токио планира да ја одложи парадата за да може целосно да се посвети на ублажување на последиците од тајфунот.

Во налетот на тајфунот уништени се или оштетени 1.600 домови, 346 лица се повредени, а 10 се водат како исчезнати.

Нарухито (59) го наследи престолот во мај, откако неговиот татко Акихито абдицираше. Акихито е првиот јапонски цар кој абдицирал во последните 200 години

Коронавирус