среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Тајфун го погоди Виетнам: Исчезнати повеќе од 20 лица, има и настрадани (ВИДЕО)

Тајфун го погоди Виетнам: Исчезнати повеќе од 20 лица, има и настрадани (ВИДЕО)

Најмалку две лица настрадале, а два рибарски брода со 26 членови на екипажот се потонати, во налет на тајфунот Молаве во Виетнам.

Тој тајфун се смета за еден од најмоќните во последните 20 години.

Во провинцијата Куанг Нгаи во јужниот дел на земјата, ветер со брзина од 150 километри на час усмртил човек буткајќи го од кров додека се обидувал да го поправи и зајакне, пренесе „АП“’.

Друг маж загинал така што врз него паднало дрво, извести официјалната виетнамска новинска агенција.

Морнарицата распоредила два чамци за спасување кои трагаат по 26 рибари во близина на провинцијата Бинх Динх, јавува „ВТВ“.

Најмалку 40.000 луѓе се евакуирани од крајбрежните села во засолништа. Провинциските власти ги затвориле канцелариите, фабриките и училиштата и побарале од жителите да останат во затворени простории.

Најмалку пет аеродроми се затворени поради приближувањето на тајфунот, а откажани се повеќе од 200 летови, извести „ВТВ“.

И железничкиот сообраќај е запрен, а ќе биде обновен кога временските прилики ќе го дозволат тоа, извести „ВТВ“.

Виетнам се уште се опоравува од обилните поплави и лизгања на земјиштето во кои настрадаа 136 лица.

Коронавирус