петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

Таа го преживеала Чернобил: Две недели не знаевме што се случило, а по шест месеци започна пеколот (ВИДЕО)

Таа го преживеала Чернобил: Две недели не знаевме што се случило, а по шест месеци започна пеколот (ВИДЕО)

Украинката Јанина Скарлет имала само 3 години кога се случила катастрофата во Чернобил.

Нејзиниот роден град од Чернобил е оддалечен нешто помалку од 300 километри, па жителите претрпеле огромни последици.

-Не се сеќавам добро на самиот настан, но знам дека сите околу мене беа збунети по експлозијата. Кога конечно дознавме што се случило, збунетоста прерасна во голема загриженост,  открила таа.

Дури по 2 недели дознавме што навистина се случило.

-Дури кога другите држави открија дека нешто не е во ред, владата не извести за ситуацијата и ни препорача третмани со јод за да се намали шансата за потенцијални здравствени компликации поради радијацијата. До тогаш веќе сите со недели бевме изложени на радијација. Излегувавме на отворено, јадевме овошје и пиевме вода, сето тоа не труеше. Шест месеци подоцна, луѓето почнаа да се разболуваат, а јас бев меѓу нив, опишуваа таа.

Последиците од радијацијата ги трпи и денес. Имунолошкиот систем ѝ е толку оштетен па и поради најмала настинка мора да оди во болница. Освен тоа има напади, мигрена и крварење од нос.

Нејзиното семејство по несреќата успеало да добие азил во Америка, па Јанина растела во Њујорк, но, како што вели, ни таму не и било лесно. Врсниците, вели, ја исмејувале и и велеле дека е радиоактивна, а на 16 години, кога го гледала Икс-мен, филмот кој се занимава со мутанти, и се променил животот.

-Беше како да се гледам себе, сакав да им се приклучам. Тоа беше прв пат да сфатам дека не сум жртва, туку борец. После тоа се запишав на психологија, а денес сум психолог специјализиран во користење на суперхерои и други фиктивни ликови за да им помогнам на луѓето да се соочат со своите трауми – открила таа.

Признава дека уште и е тешко да зборува за тоа. Кога видела дека почнала да се емитува серија за чернобилската катастрофа, и тоа и паднало тешко.

-Беше тешко и болно да се гледа. Кога видов како во серијата некои луѓе не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата дури и кога ги гледаат луѓето како умираат од радијација, ме потсети на хорорите низ кои минуваа многу наши луѓе, рекла таа.

Коронавирус