понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Таа е во инвалидска количка и слепа, а има 117 години: Оваа супер бабичка го победи коронавирусот

Таа е во инвалидска количка и слепа, а има 117 години: Оваа супер бабичка го победи коронавирусот

Калуѓерка од Франција го победи коронавирусот и покрај нејзината старост и проблемите со здравјето.

Сестрата Андре, родена како Лусил Рандон го победи вирусот неколку недели пред нејзиниот 117-ти роденден кој ќе го прослави утре, на 11-ти февруари.

Сестрата Андре се смета за најстара личност во Европа и вели оти не била свесна дека е инфицирана со коронавирусот.

Останала во карантин во својата соба во монашкото сестринство во манастирот Света Катерина во Тулон откако на тестот излегла позитивна на 16-ти минатиот месец.

Таа е слепа, се движи само во инвалидска количка, но коронавирусот го победи како да е обична настинка.

ЕУРО 2020

Македонија