четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Таа е единственото бебе родено во пеколот на Чернобил: Пиеше озрачено млеко и пливаше во загадена река (ФОТО)

Таа е единственото бебе родено во пеколот на Чернобил: Пиеше озрачено млеко и пливаше во загадена река (ФОТО)

Првото дете родено по катастрофата во Чернобил која се случи во 1986 година, денес израсна во здрава, млада жена. Чернобил повторно е топ-тема благодарение на мини серијата на ХБО за нуклеарната катастрофа од 1986 година. Марика во неа не се појавува, но велат дека таа претставува симбол на чернобилската ренесанса, пишува „Мирор“.

Таа ги полнеше насловните страници пред 19 години, кога стана првото бебе родено во близина на спорниот реактор со број четири. Но, пред серијата, со години ја немаше во медиумите. Марика, која наскоро ќе наполни 20 години, студира во Киев, а „Сандеј експрес“ ја пронајде во главниот град на Украина. „Добра сум, работам“, рече таа.

Кога се роди, во 1999 година, украинските власти се обидоа да го сокријат „срамот“ на нејзиното доаѓање во семејството на чернобилските работници кои нелегално живеат во зоната за евакуација од 30 километри. Нејзините родители одбија да ја напуштат опасната зона затоа што властите не им понудија алтернативно сместување. Но, многумина ги обвинуваа и ги малтретираа за „убивање“ на ќерката.

„Пливаше во реката каде што се рибите кои ги ловеше нејзиниот татко Михаил за да го прехрани семејството. Пиеше млеко од кравите кои се хранеа на чернобилските пасишта озрачени со нуклеарна експлозија“, пишуваа украниските весници.

Нејзината мајка, Лидија Совенко мораше да ги демантира гласините за здравјето на својата ќерка. „Ако луѓето мислат дека има две глави и дека е мутант, грешат. Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво“, рекла мајката.