среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Таа е девојче-монструм: Со нејзините мајка и сестра планирала терористички напади, казната ја стигна!

Таа е девојче-монструм: Со нејзините мајка и сестра планирала терористички напади, казната ја стигна!

На доживотен затвор е осудена најмладата припадничка на женската терористичка ќелија, која планирала напад во Лондон.

Сафаа Булар, 18 годишна терористка е осудена на доживотен затвор, а најмалку на 13 години поради планирање напад во Лондон заедно со нејзината мајка и сестра. Таа го планирала нападот откако била спречена да му се придружи на еден припадник на Исламската држава во Сирија.

-Сите три жени беа полни со омраза и отровна идеологија и беа решени да извршат терористички напад, изјави Дин Хајдон, националниот антитерористички координатор во британската полиција.

Полицијата на тајна задача ги снимиле телефонските разговори на трите жени во кои за нападот зборувале како „чајанка“ и ги следела мајката и ќерката додека се возеле низ центарот на Лондон во април 2017 година. Полицијата верува дека тогаш ги проверувале можните цели на нападот.

Пред два месеца 22 годишната сестра Ризлен Булар беше осудена на доживотен затвор со минимално 16 години, додека мајката, 44 годишната Мина Дич е осудена на 11 години и 9 месеци затвор.

Коронавирус