петок, 17. септември 2021. Вести денес: 15
home Вести

Таа е бруталната чуварка на Аушвиц: Ќе ви се заледи крвта во вените од тоа што го правела

Повеќето од нив не ја избегнале правдата, па се погубени веднаш после војната, а една од најлошите била Ирма Гресе, чуварка во логорите Аушвиц и Берген-Белсен.
Таа е бруталната чуварка на Аушвиц: Ќе ви се заледи крвта во вените од тоа што го правела

Жените чуварки во нацистичките логори не биле толку познати како мажите, но тоа не значи дека биле помалку брутални.

Некои од нив предизвикувале повеќе страв од останатите чувари, а од околу 37.000 чувари, кои активно учествувале во претепувањето, мачењето и убивањето на логорашите, околу 10 отсто биле жени.

Повеќето од нив не ја избегнале правдата, па се погубени веднаш после војната, а една од најлошите била Ирма Гресе, чуварка во логорите Аушвиц и Берген-Белсен.

Ја викале “Хиена“, а понекогаш и “Убавиот ѕвер“, а прекарот го добила поради бруталните методи кои ги применувала врз логорашите. Сведоците на судењето раскажале како луѓето ги претепувала до смрт. Нејзините досега необјавени фотографии се пронајдени во архивата на историските материјали кои ги составил британскиот правник Лео Ген додека во 1945 година работел како помошник обвинител на судењето во Лунебург.

Архивот е продаден за 5.500 фунти.

-Голем дел од вредноста е поврзана со Лео Ген, познатиот театарски и филмски актер, поранешен помошник на обвинителот на судењето во Белсен. Тука спаѓаат и личните работи, као што се неговите ознаки за идентитетот, но уште поважни се неговите копии од изјавите на сведоците и белешките во текот на судењето. Архивот опфаќа изјави на сведоците од логорот, но и чуварите, откривајќи ги ужасите кои се случувале зад затворени врати, за кои светот дотогаш не бил свесен, изјавил Николас Туви од универзитетот Вашингтон.

“Заштитниот знак“ на Ирма бил камшикување со кожен камшик. Логорашите ги камшикувала садистички по гола кожа. Гресе била со поприлично нарушено ментално здравје.

Доаѓала од семејство кое имало долга историја на душевни болести. Мајка и се убила откако испила киселина, кога дознала дека сопругот ја изневерува со собарката. Бидејќи не била многу интелигентна, на 14 години го напуштила училиштето, каде често била изложена на малтретирање од останатите деца и се зачленила во нацистичката младина „Лига на германски девојки“.

Многу брзо им се допаднала на водачите, па во 1942 година станала чуварка во Аушвиц. Била позната по тоа што откако ги камшикувала затворениците, мастурбирала додека лекарите им ги преврзувале повредите кои таа им ги нанела. Освен тоа, во логорот имала бројни љубовни афери со чуварите. Во една од тие афери останала бремена, па натерала еден логораш, кој бил лекар, да и направи абортус. За ирма на судењето после војната сведочеле бројни поранешни логораши, кои раскажале како на нив ги пуштала своите агресивни и изгладнети кучиња. Ирма Гресе била осудена на смрт со бесење, а нејзиното судење траело со денови.

Коронавирус