недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

СЗО засега е против воведувањето ковид пасоши

СЗО засега е против воведувањето ковид пасоши

Светската здравствена организација (СЗО) во моментот е против воведувањето на специјални сертификати или ковид пасоши за луѓето кои примиле вакцина против коронавирусот, изјави денеска претставникот на СЗО за Русија, Мелита Вујнович.

-СЗО е јасна за ова прашање и во овој момент не препорачува ваков вид пасоши, изјави Вујинович за телевизискиот канал „Русија 24“, пренесе Тасс.

Истовремено, Вуjнович не ја исклучува можноста СЗО во одреден момент да даде предлози за содржината на пасошот.

-Се разбира, земјите го следат нивниот курс, секоја држава се обидува да им овозможи на своите граѓани да се движат што е можно повеќе. СЗО ќе соработува со сите земји по ова прашање, додаде таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во понедленикот изјави дека комисијата во мафрт планира да го претстави својот проект за единствен сертификат за вакцинација. (МИА)

Коронавирус