вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

СЗО за коронавирусот: Расте бројот на случаи на зараза и смртност

СЗО за коронавирусот: Расте бројот на случаи на зараза и смртност

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се зголемува деветта недела по ред, додека бројот на смртни случаи е поголем веќе шеста недела по ред, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) на информативна седница за земјите-членки.

– Повеќе случаи на Ковид-19 се пријавени ширум светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата. Во последните неколку недели, земјите во сите региони на СЗО покажаа постојан нагорен тренд на бројот на случаи на зараза и смртност. Не е време да се спушти гардот, дури и во земјите каде паѓаат бројките, додаде тој.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 3,2 милиони луѓе починале од Ковид-19, покажуваат податоците на Џонс Хопкинс. Најголем број на смртни случаи има во САД – повеќе од 580.000. Бразил брзо и се приближува на Америка со скоро 417.000 смртни случаи, а следува Индија со 230.000 смртни случаи.

Според институтот Џонс Хопкинс, досега во светот се регистрирани 155,6 милиони заразени. САД се први на таа листа со 32,6 милиони заразени, Индија е втора со 21 милион, а Бразил е трет со 15 милиони.

ЕУРО 2020

Македонија