понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 147
home Вести

СЗО: Во сообраќајни несреќи во светот годишно гинат 1,35 милиони луѓе

СЗО: Во сообраќајни несреќи во светот годишно гинат 1,35 милиони луѓе

Во најновиот извештај на Светска здравствена организација (СЗО) се наведува дека една од најголемите причини за смртност во светот се сообраќајните несреќи.

Во сообраќајни несреќи во светот годишно гинат 1.35 милиони луѓе, што приближно е еднакво на вкупниот број на население на Копенхаген.

Во извештајот на СЗО се посочува дека најчеста причина за смрт кај децата и младите лица на возраст од пет до 29 години е страдањето во сообраќајни несреќи.

Највисока стапка на смртност на патиштата во однос на бројот на жители е во Африка, каде на 100.000 луѓе годишно гинат 26,6 лица, додека најмала стапка е во Европа (9,3 на 100.000). Светскиот просек изнесува 18,2 на 100.000 луѓе.

СЗО наведува дека една-четвртина од сите загинати на патиштата во светот се пешаци и велосипедисти. Тој процент е многу поголем во Африка (44) и во источен Медитеран (36 отсто). Околу 28 проценти од загинатите се мотоциклисти и нивните сопатници.

МИА

 

Коронавирус