недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Вести

СЗО: Вакцината против коронавирус не ја очекувајте пред следната година!

СЗО: Вакцината против коронавирус не ја очекувајте пред следната година!

Извршниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за вондредни програми, Мајк Рајан, изјави дека истражувачите напредуваат во развојот на вакцина против коронавирусот, од кои неколку се во доцните фази на тестирање, но истакна дека нивната прва употреба не се очекува пред почетокот на следната години.

Рајан рече дека СЗО работи напорно за да обезбеди еднаква дистрибуција на вакцината, но истакна дека во меѓувреме, клучно е да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Ние напредуваме добро. Неколку вакцини се веќе во третата фаза на тестирање. Реално е да се очекува првата да се користи во првиот дел од следната година“, рече Рајан.

Сепак, никој досега не успеа во однос на безбедноста или можноста да генерира имунолошки одговор.

Тој додаде дека СЗО работи на проширување на пристапот до потенцијалната вакцина и да помогне во зголемувањето на производниот капацитет.

-Мораме да бидеме фер затоа што тоа е глобално добро. Вакцините за оваа пандемија не се за богатите, не се за сиромашните – тие се за сите, рече Рајан.

Коронавирус