среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 67
home Вести

СЗО: Трета недела бројот на заразени во светот се намалува

СЗО: Трета недела бројот на заразени во светот се намалува

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиена.

Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе бил во слична ситуација и посочи дека не е време за опуштање.

– Во текот на изминатата година, имаше моменти кога во скоро сите земји бројот на регистрирани случаи се намалуваше. Мерките за претпазливост беа олабавени, а потоа вирусот ќе продолжеше да беснее, потсети Тедрос.

Тој нагласи дека во моментот кога се врши вакцинирање на глобално ниво, потребно е да се применат мерки на претпазливост кои придонесуваат за безбедноста на луѓето, пренесува Гласот на Америка.

– Контролирањето на ширењето на вирусот придонесува за спасување животи и ги намалува шансите за појава на нови видови. Исто така, помага дејството на вакцините да биде поефикасно, рече тој.

ЕУРО 2020

Македонија