четврток, 4. март 2021. Вести денес: 174
home Вести

СЗО со предупредување до светот: Дојдени сме на работ на катастрофален неуспех со вакцините за коронавирусот

СЗО со предупредување до светот: Дојдени сме на работ на катастрофален неуспех со вакцините за коронавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека светот е на работ на „катастрофален морален неуспех“ во дистрибуцијата на вакцини за коронавирусот. Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите и производителите да ги споделуваат дозите поправедно низ целиот свет.

Тој верува дека изгледите за еднаква дистрибуција се „сериозен ризик“ пред програмата Ковакс (COVAX) да започне со дистрибуција на вакцини следниот месец.

Тедрос истакна дека минатата година биле потпишани 44 билатерални договори, а годинава најмалку 12. Според него, нееднаквата дистрибуција може да го одложи снабдувањето на COVAX и да доведе до хаос на пазарот, некоординиран одговор и социјални и економски проблеми.

– Таквиот пристап „прв дојден, прв услужен“ го остава најсиромашниот и најранливиот свет во опасност, предупреди Гебрејесус на почетокот на состанокот на Извршниот одбор на организацијата.

– На крајот на краиштата, овие активности само ќе ја продолжат пандемијата, предупреди тој.

Генералниот директор на СЗО како пример за нееднаквост посочи дека биле дадени повеќе од 39 милиони дози во 49 земји со висок приход, додека само 25 дози биле дадени во една сиромашна земја.

Коронавирус