четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 182
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

home Вести

СЗО се надева дека ќе ја продолжи соработката со САД

СЗО се надева дека ќе ја продолжи соработката со САД

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изрази желба да продолжи соработката со САД, и покрај најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ги прекинува врските со оваа агенција на ОН.

– Придонесот и дарежливоста на Владата на САД и граѓаните во светското здравство се огромни со децении и дадоа големи придобивки за јавното здравство ширум светот . СЗО сака оваа соработка да продолжи, рече Гребрејесус на виртуелната прес-конференција.

Трамп во екот на пандемијата на коронавирусот го прекина финансирањето на СЗО, која ја обвинува за попустливост кон Кина, а во петокот најави дека САД ги прекинуваат врските со оваа агенција на ОН.

– САД ќе ги пренасочат средствата кон други итни и глобални потреби на јавното здравство кои го заслужуваат тоа, рече Трамп.

Здравствената агенција на ОН, СЗО, е мултилатерална институција основана во 1948 година. Работата и мисиите на оваа огромна машинерија со 7.000 вработени, кои се присутни низ целиот свет, зависат од финансирањето на земјите членки и од приватни донации.

Со 893 милиони долари за периодот 2018/2019 година САД се главен донатор кој обезбедува 15 проценти од буџетот на СЗО, пред фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, Велика Британија и Германија и далеку пред Кина која дава 86 милиони.

Американските донации претежно одат во Африка и на Блискиот исток.

Околу една третина од парите одат во борба против вонредни состојби во здравство, а остатокот е наменет пред се за програми за искоренување на детска парализа, подобрување на пристапот до здравствени услуги и спречување и борба против епидемии.

Парламентарни избори 2020