недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

СЗО препорачува: Маски да се носат и по дома

СЗО препорачува: Маски да се носат и по дома

Светската здравствена организација (СЗО) излезе со нова препорака, а со која се бара луѓето и по дома да носат маски кога ќе им доаѓаат гости, со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

Од СЗО велат дека луѓето треба да носат маски и дома за да ја спречат заразата со коронавирус кога доаѓаат кај нив гости однадвор, а не можат да одржуваат социјална дистанца. Маските треба да се носат дома за време на посетата, ако не е јасно дали просторијата е добро проветрена, според новите упатства објавени денеска во Женева.

СЗО претходно бараше носење маски во преполни јавни простори. Здравствената организација на ООН сега препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи. Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничката нега се ставени на списокот на луѓе кои треба постојано да ги покриваат носот и устата. Пациентите треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други луѓе.

Коронавирус