петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 24
home Вести

СЗО прекина со истражување – овој лек не ја намалува смртноста од Ковид-19

СЗО прекина со истражување – овој лек не ја намалува смртноста од Ковид-19

Светската здравствена организација соопшти дека ги прекинува испитувањата за лекот за маларија –  хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за вирусот ХИВ – лопинавир / ритонавир, кај пациентите хоспитализирани заради коронавирус, бидејќи тие не ја намалиле смртноста.

„Резултатите од привремените тестови покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир / ритонавир придонесуваат за мало или никакво намалување на смртноста кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19,  во споредба со стандардната нега“, се наведува во соопштението на СЗО.

Испитувањата веднаш ќе бидат прекинати, се додава во соопштението на СЗО, пренесуваат британските медиуми.

Ваквата одлука, донесена по препорака на меѓународен одбор, не е во спротивност со другите истражувања во кои лековите се користат за нехоспитализирани пациенти или како превенција.

Во друго истражување  СЗО го испитува и можниот ефект на лекот ремдесивир врз Ковид 19.

Коронавирус