понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

СЗО предупредува на најлоша епидемија на сипаници во последните 13 години!

СЗО предупредува на најлоша епидемија на сипаници во последните 13 години!

Епидемиите на сипаници во моментов се присутни во целиот свет и продолжуваат да се шират, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Во првите шест месеци од оваа година пријавени се најманогу случаи на заболени од оваа болест во последните 13 години и речиси три пати повеќе отколку во истото време минатата година. Освен што сипаниците го загрозуваат здравјето и животите на многу луѓе, тие се и голем товар за здравствениот систем.

Во САД е забележен најголемиот број случаи во последните 25 години. Во европскиот континент во првите шест месеци од оваа година се регистрирани речиси 90.000 случаи на зарази со оваа вирусна болест, што ги надминува бројките забележени за цела 2018 година кога од сипаници во цела Еврипа беа заболени 84.462 лица.

Причина за зголемениот број заболени е пониското ниво на вакцинирање, а причините заради кои тоа се случува се различни од држава до држава. Некаде станува збор за недостаток на пристап до поквалитетна здравствена заштита или услуги на вакцинирање, некаде за судири внатре во земјата, а некаде за дезинформации за ефектите од вакцинирањето или послабата упатеност за важноста на високото ниво на вакцинирање.

Во Демократска Република Конго, Украина и Мадагаскар годинава се забележени најголем број случаи на сипаници. Меѓутоа, на Мадагаскар во последните неколку месеци бројката на заразени драстично се намалила заради владината кампања за потребата од ванцинирање. Големи епидемии од оваа болест се забележни и во Ангола, Камерун, Чад, Казахстан, Нигерија, Филипини, Јужен Судан, Судан и Тајланд.