среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 64
home Вести

СЗО предупредува на ефикасноста на растенијата при лекување на Ковид-19

СЗО предупредува на ефикасноста на растенијата при лекување на Ковид-19

Светска здравствена организација предупреди дека е потребно да се испита ефикасноста и нуспојавите од лековитите растенија, како сладкиот пелин (Aremisia annua), што се рекламира како потенцијален лек за Ковид-19.

Претседателот на Мадагаскар, Ендру Раџоелина промивира лек за новиот коронавирус на база на сладок пелин. Иако растителната мешавина се уште не е научно истражена, лидерите на некои африкански држави најавија дека ќе нарачаат одредено количество, а дел од нив веќе ги добиле нарачките.

– Дури и ако таквата терапија произлегува од традиционалната или комплементарната медицина, критично е да се говори за нејзината ефикасност и безбедност без ригорозни клинички испитувања, се наведува во соопштението на регионалната канцеларија на СЗО за Субсахарска Африка.

Коронавирус