петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 119
home Вести

СЗО предупреди: Омикрон нема да ги заобиколи ни прележаните

СЗО предупреди: Омикрон нема да ги заобиколи ни прележаните

Сериозна закана или без потреба ширење на страв и паника кај населението. Последната анализа направена на терен од Африканскиот национален институт за заразни болести укажува дека од омикрон загрозени ќе бидат и оние со високо ниво на антитела.

Според студијата, новиот сој може да го заобиколи имунитетот кај оние кои веќе ја прележале болеста. Но добро е што кај реинфекциите, клиничката слика е со слаби симптоми. И македонските експерти чекаат подетални информации, но велат, никако не смееме да се опуштаме.

-Во Америка од тројца евидентирани со Омикрон, двајца биле целосно имунизирани па дури имаат и бустер доза. Тоа укажува дека, секако не може да се раководиме од студијата бидејќи е нецелодна и на недоволен број испитаници, сепак, оваа нова мутација најверојатно ќе го заобиколува стекнатиот имунитет преку вакцинација и прележување, вели Д-р. Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје.

За 2,4 проценти е поголем ризикот од реинфекции кај новиот сој во споредба со оригиналната варијанта од Вухан. По регистрирањето на Омикрон во триесетина земји, од СЗО со предупредување државите да се подготват за ново големо ширење на коронавирусот.

-Ќе видиме како ќе биде по новогодишните празници. Најважно е со мерки да не дозволиме брзо да се прошири новиот сој, вели Мехмедовиќ.

Некои држави ги прекинаа авионските врски со југот на Африка, а Израел и Јапонија целосно ги затворија своите граници за странци.

Коронавирус