петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 9
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

СЗО повеќе не прогласува пандемија, останува тревогата

СЗО повеќе не прогласува пандемија, останува тревогата

Светската здравствена организација (СЗО) повеќе нема процес за прогласување на пандемија, но поради епидемијата на новиот коронавирус сè уште е во сила меѓународна тревога, изјави денеска Тарик Јашаревиќ, портпарол на организацијата.

– Нема официјална категорија пандемија. Тоа е стар термин кој СЗО повеќе не го користи, иако на луѓето им е познат од 2009 година, рече Јашаревиќ.

Тој потсети дека СЗО од 30 јануари прогласи состојба на тревога на меѓународно ниво.

Во 2009 година, СЗО ја прогласи епидемијата на вирусот на свински грип Х1Н1 за пандемија.

Коронавирус