петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

СЗО: Пандемијата ќе потрае и во текот на 2022-ра година

СЗО: Пандемијата ќе потрае и во текот на 2022-ра година

Пандемијата на ковид-19 ќе трае една година подолго од тоа што е потребно, бидејќи сиромашните земји не ги добиваат вакцините кои им се потребни, соопштила денеска Светската здравствена организација.

Доктор Брус Ејлвард од СЗО изјавил дека тоа значи дека кризата би можела лесно да се протегне длабоко во 2022-ра година, пренесува “BBC”.

Помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, во споредба со 40-те проценти на останатите континенти.

Велика Британија испорачала повеќе од 10 милиони вакцини на земјите кои им се потребни, а ветила вкупно 100 милиони.

Повеќето вакцини против се дадени во земји со високи и средни приходи, додека на Африка отпаѓа само 2,6 проценти од дозите дадени ширум светот.

Група добротворни организации, меѓу кои “Оксфам” и “УНАидс”, ги критикувале Канада и Велика Британија поради набавките на вакцини за своите жители преку Ковакс, глобална програма за праведна дистрибуција на вакцини.

Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година Велика Британија примила 539.370 дози вакцини “Pfizer”, додека Канада земала нешто помалку од милион дози од “AstraZeneka”.

Ејвард апелирал на богатите земји да се откажат од “местата во редот” за вакцини, за фармацевтските компании да можат да дадат приоритет на земјите со најниски приходи.

“Можам да ви кажам дека не сме на вистинскиот пат. Навистина мораме да забрзаме или знаете што ќе се случи? Оваа пандемија ќе трае една година подолго од тоа што е потребно”, изјавил Ејлвард.

Сојузот на добротворни организации “People’s Vaccine” објавил нови бројки кои укажуваат на тоа дека само една од седум дози кои ги ветиле фармацевтските компании и богатите земји всушност доаѓаат до своите одредишта во сиромашните земји.

Коронавирус