четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

СЗО оваа недела ќе одлучува: Дали Синофарм и Синовак ќе бидат одобрени за итна употреба?

СЗО оваа недела ќе одлучува: Дали Синофарм и Синовак ќе бидат одобрени за итна употреба?

Светската здравствена организација ќе донесе одлука оваа недела дали ќе ги одобри кинеските вакцини Синофарм и Синовак за итна употреба, изјави претставник на СЗО.

Маријанџела Симао, помошник генерален директор за пристап до лекови, вакцини и фармацевтски производи, вели дека треба да се направат некои „последни упатства“ пред советничката група на СЗО да донесе конечна одлука за вакцините Синофарм и Синовак.

– Очекуваме да ги имаме и двете одлуки до крајот на неделава, изјави таа.

СЗО наведува дека прво ќе се донесе одлука за Синофарм, а потоа и за вакцината Синовак. (МИА)

Коронавирус