недела, 11. април 2021. Вести денес: 99
home Вести

СЗО: Откажете се од патентите, сите земји да произведуваат вакцини

СЗО: Откажете се од патентите, сите земји да произведуваат вакцини

Вообичаените деловни правила кои го штитат профитот на производителите на вакцини ќе треба да прекинат доколку е потребно, со цел сите луѓе во светот да биде имунизиран против коронавирус, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Пред клучниот состанок на Светската трговска организација следната недела на годишнината од пандемијата, тој истакна дека го поддржува откажувањето од патентите што ќе им овозможи на сите земји да произведуваат и продаваат евтини копии на вакцини, кои се развиени на друго место.

– Минуваме низ специфичен момент во историјата и мора да се соочиме со предизвикот. Флексибилности во трговските регулативи постојат за вонредни ситуации, и глобалната пандемија што принуди многу компании да затворат и предизвикаа толку многу штета на компаниите – и големи и мали – секако дека се квалификува. Ние мора да бидеме воено подготвени и важно е да разбереме што е потребно, истакна Гебрејесус.

На состанокот на СТО ќе се дискутира за предлогот за откажување од правата на интелектуална сопственост – во овој случај патенти за вакцини – предложени од Јужна Африка и Индија, а сега поддржан од 100 земји. Владите-членки се поделени по ова прашање, главно со земјите со низок и среден приход како поддршка, а богатите земји се против тоа.

Имено, Тедрос тврди дека производителите ќе продолжат да добиваат одреден надомест.

– Откажувањето од патентите времено нема да значи дека иноваторите ќе бидат во загуба. Како и за време на кризата со ХИВ или во војна, на компаниите ќе им се плаќаат додатоци за нивните производи, вели тој.

Фармацевтските компании и властите во САД, Велика Британија и Европа силно се спротивставуваат на откажувањето, со или без надомест. Тие го поддржуваат аргументот на Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации со седиште во Швајцарија, дека намалувањето на приходите на компанијата е дестимулативно за иновациите.

Коронавирус