недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

СЗО: Остануваат отворени сите хипотези за потеклото на коронавирусот

СЗО: Остануваат отворени сите хипотези за потеклото на коронавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека сите хипотези за потеклото на коронавирусот, кој предизвика пандемија, остануваат отворени.

– Покренати се некои прашања дали одредени хипотези се отфрлени. Сакам да појаснам дека сите претпоставки се отворени и бараат натамошни проучувања, истакна Гебрејесус.

Тој додаде дека тимот на СЗО во Кина се уште работи на завршниот извештај и му се заблагодари на независниот експертски тим за, како што рече, „многу важната научна вежба во екстремно тешки околности“.

Експертскиот тим кој го проучува потеклото на коронавирусот соопшти во вторникот дека е „сосема неверојатно“ дека тој се проширил од вирусолошката лабораторија во кинескиот град Вухан и тоа „не е хипотеза за која сметаат дека подразбира натамошно проучување“.

ЕУРО 2020

Македонија