понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 28
home Вести

СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек

СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек

Шефот на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), доктор Мајк Рајан, денеска одби да ги коментира извештаите за новиот лек Ремдесивир кој наводно може да им помогне на болните од Ковид -19.

– Не би го коментирал ова прашање бидејќи не ја разгледав детално документацијата на производителот, рече доктор Рајан и додаде дека во некои случаи може да бидат потребни дополнителни студии со цел со сигурност да се констатира дека некој лек е ефикасен.

– Но, се надеваме дека ќе се докаже дека и овој, но и други лекови, можат ефикасно да им помогнат на болните од Ковид-19, додаде Рајан на видео прес конференција. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија