четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 11
home Вести

СЗО: Наскоро еден милион случаи на заразени со Ковид-19 во светот

СЗО: Наскоро еден милион случаи на заразени со Ковид-19 во светот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус изрази длабока загриженост поради брзото глобално ширење на коронавирусот, кој зафати 205 земји и територии.

Тој истакна дека СЗО, Светска банка и ММФ ги поддржале програмите за помош на земјите во развој, со цел да се изборат со социјалните и економските последици од пандемијата.

Гебрејесус нагласи дека во изминатите пет недели е регистриран речиси експоненцијален раст на бројот на нови заразени случаи, а бројот на починати е повеќе од двојно зголемен минатата недела.

– Во следните денови ќе достигнеме бројка од еден милион потврдени случаи на зараза од Ковид-19 и 50.000 жртви во светот, предупреди генералниот директор на СЗО.

Коронавирус