четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

СЗО: Над 500.000 новозаболени за еден ден во светот

СЗО: Над 500.000 новозаболени за еден ден во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во изминатите 24 часа во светот порасна за 510.365 случаи. Вкупниот број на заболени во светот е 130.422.190, објави Светската здравствена организација.

Во светот регистрирани се нови 10.173 смртни случаи, а вкупниот број на починати од коронавирус е 2.842.135.

Северна и Јужна Америка учествуваат со повеќе од 34 проценти од дневниот број на нови случаи од Ковид-19 во светот. Следуваат Европа ии Југоисточна Азија.

Најголем број на случаи на коронавирус се пријавени од САД (30.304.462), Бразил (12.910.082), Индија (12.485.509), Франција (4.665.709), Русија (4.580.894), Велика Британија  (4.357.095), Италија (3.650.247), Турција ( 3.445.052), Шпанија (3.291.394), Германија (2.885.386), Полска (2.438.542) и Колумбија (2.428.048).

ЕУРО 2020

Македонија