понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 156
home Вести

СЗО: Над 340 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот

СЗО: Над 340 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе. Ова го соопшти Светската здравствена организација. Според информациите од вчера Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати.

Најголем број заразени со Ковид-19 е регистриран на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани 3.933.319 случаи. Најголем број потврдени случаи има во САД – речиси 68,2 милиони. Следува Индија со 38,6 милиони случаи, потоа Бразил (23,4 милиони), Британија (15,6 милиони) и Франција (15,2 милиони). Најголем број починати од Ковид-19 има во САД (852.334 лица), потоа Бразил, потоа Индија, Русија и Мексико.

Коронавирус